Како што пишува порталот, веќе било испратено известување до Илија Димовски, кој е претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а е предложено на местото на Василевска да дојде Александар Спасов, доцент од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јуни, 2019 12:45

Пендаровски бара разрешување на Иванка Василевска од ВМРО, член на Националниот Совет за Евроинтеграции

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што пишува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, денеска претседателот на државата Стево Пендаровски побарал разрешување на Иванка Василевска. Таа е претставник во Националниот совет за евроинтеграции на Собранието на претходниот претседателски кабинет, но денеска од претседателскиот кабинет соопштија дека Пендаровски бара нејзино разрешување.

Иванка Василевска беше именувана 4 месеци по организираниот напад на Собранието на 27 април 2017

Како што пишува порталот, веќе било испратено известување до Илија Димовски, кој е претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а е предложено на местото на Василевска да дојде Александар Спасов, доцент од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Порталот САКАМДАКАЖАМ.МК утринава објави дека професорката Иванка Василевска,која од претходниот претседател Иванов беше предложена за членка во ова собраниско тело во август 2017, се уште ја извршува оваа функција. Иванка Василевска е членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од април 2018 година, а на функцијата претставник во Националниот совет за евроинтеграции на Собранието беше именувана 4 месеци по организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, за кој таа кажа дека бил „најмирољубив насилен влез“.

„Ова е најмирољубивиот насилен влез од страна на граѓани во историјата“, рече Василевска во директниот пренос на ТВ Нова додека траеше нападот на Собранието. ТВ Нова, чиј сопственик беше сега осудениот бизнисмен во случај на СЈО Сеад Кочан, во меѓувреме се затвори.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести