До овој момент од сите информации што ги имаме од надлежните структури, исто така нема никакво политичко мешање во која насока да оди оваа истрага, барем тоа до овој момент ми е познато.

Објавил: Перо Милчин | 28 август, 2019 18:17

ПЕНДАРОВСКИ: “Мене граѓаните не ме плаќаат да ги притискам судските органи во Македонија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На одбележувањето на Денот на рударите во рудникот Саса, претседателот Стево Пендаровски беше прашан за случајот Рекет и на тоа одговори дека политиката не се меша и институциите си ја работат работата.

– Пред две недели на прес – конференција јас повикав да се забрза постапката од истражните органи. Следејќи ги барањата на граѓаните и знаејќи дека се соочуваме со голема афера, која ја става на тест целокупната правна држава, апелирав да тоа биде побрзо и поефикасно, а понатаму знаете дека не е моја надлежност.

Видовме неколку битни активности во таа процесна смисла и понатаму се останува на надлежните органи, изјави Пендаровски.

На прашањето од новинарите колку институциите во државата можат да обезбедат нормални услови за делување за овој случај, Пендаровски изјави дека како претседател на држава не му паѓа на памет да се меша во работата на кого било поврзан со овој случај.

– До овој момент од сите информации што ги имаме од надлежните структури, исто така нема никакво политичко мешање во која насока да оди оваа истрага, барем тоа до овој момент ми е познато. Во делот на бизнис-заедницата веќе неколку бизнисмени дадоа изјави дека тие немале проблеми, што значи дека работите се движат. Барем во овој момент, никој не може да каже дека од страна на политиката некој е заплашен да не пријавува такви случаи на коруптивно однесување ако го имало, така што од страна на политиката амбиентот е направен. Јас ви гарантиран за мене и во иднина тоа ќе биде така, затоа што јас не можам да замислам да правам нешто што никогаш во животот не сум го правел и што не е моја работа, бидејќи граѓаните не ме плаќаат да ги притискам судските органи, не ме плаќаат да се мешам во нивната работа, дециден е претседателот на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести