Стево Пендаровски не може да се следи со контроверзните изјави

Објавил: Узунов Бобан | 8 март, 2019 13:50

Пендаровски: МАНУ требало да го смени името затоа што таму има и академици Албанци

Фото/Текст извор: ©магазин

Кандидатот за претседател на државава, кој е поддржан од владеачките партии, Стево Пендаровски, вели дека МАНУ како и имињата на другите институции, како Македонска радио телевизија (МРТ) треба да се сменат затоа што не смееме да имаме етнички наслови на институциите.

Ова, тој го истакна во синоќешното гостување во дебатниот магазин “Клик Плус“ на Телевизија 21, запрашан за тоа кој е неговиот став за последната одлука на Владата за промена на имињата на институциите. 

Придавката “македонски” пред овие институции не го негирало постоењето на други етнички заедници во државата ниту пак го оневозможувало остарувањето на нивните  културно-уметнички права. Бришењето на придавката “македонски” значи губење на инситуционалниот идентитет на Македонците и потврда но  и остварување на грчко-бугарската теза дека Македонија може да постои но само без Македонци.

На претседателскиот кандидат Стево Пендаровски треба да му стане јасно дека Република Македонија е држава на македонскиот народ во која сите права ги уживаат и припадниците на другите етнички заедници. Придавката “македонски” пред народниот театар, телевизија, академија и други институции означува дека тоа се институции на македонскиот народ преку кои тој ги истражува и изразува своето културно-уметничко и научно творештво во минатото ж и го надоградува и збогатува во сегашноста.   

-Не смеевме да имаме етнички наслови на институциите. Македонска телевизија, јас го кажувам илјада пати тој пример. Македонска Армија беше првиот нацрт на законот за одбрана. Стоеше Македонска Армија. Целокупната група на ПДП, во тоа време 23 пратеници Албанци напуштија и рекоа ние нема да се вратиме назад во институциите. Во тоа време уште имавме армија од регрути, не професионалци, вели нема да имате ниту еден регрут Албанец бидејќи тие со овој назив, го толкуваат тоа дека е тоа армија само на Македонци. Или имате МАНУ, ќе видиме новиот назив како ќе биде, меѓутоа македонска академија подразбира дека таму нема академици Албанци. 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести