Петар Атанасов продолжува со критиките кон СДСМ

Објавил: Узунов Бобан | 2 септември, 2019 8:50

Петар Атанасов екс заменик министерот за образование: СДСМ ефтино го потроши капиталот за промени !

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот заменик-министер за образование и наука, од СДСМ, Петар Атанасов, си поднесе оставка и од партиската функција.Тој се повлече од Владата, но и од Централниот одбор на СДСМ.

Петар Атанасов пред два месеци си поднесе оставка за како што тогаш изјави неможноста да се спроведат реформите во образованието.

Останува на критиките на власта кои ги даде и при поднесувањето на оставка од втората највисока функција во Министерството за образование и наука.

Тој на социјалните мрежи пишува:

„За две години многу ефтино се потроши општествениот капитал за промени извојуван од многумина во битката против злото. Секоја утка на СДСМ многу скапо ја плаќаме“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести