Агонијата на власта за долгонајавуваниот датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, заврши со Еберт.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 ноември, 2020 8:52

Петров: Црпнатиот од нива доби утешна германска награда за велепредавство на нацијата и државата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Утешна германска награда за велепредавство на нацијата и државата, наместо Нобелова награда, доби и црпнатиот од нива.

Агонијата на власта за долгонајавуваниот датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, заврши со Еберт.

Од почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија на 17 ноември 2020 година, само Македонската фудбалска репрезентација доби датум за учество во Европското фудбалско првенство во јуни 2021 година! Дечките заслужено победија во Тбилиси, ја совладаа фудбалската репрезентација на Грузија и ни ги исполнија срцата и душите со голот на Горан Пандев и секако коментарот на Тони Стојановски!

Утешна германска награда за велепредавство на нацијата и државата, наместо Нобелова награда, доби и црпнатиот од нива.

Утешна германска награда за велепредавство на нацијата и државата, наместо Нобелова награда, доби и црпнатиот од нива.

На Зоран Заев во Берлин денес му беше доделена “Награда за човекови права за 2020 година“ од германската фондација “Фридрих Еберт“. Наградата му ја врачи германскиот сојузен министер за надворешни работи Хајко Мас, кој пред некој ден ни даде до знаење, дека “процесот на проширување на Европската унија ќе оди многу тешко ако Македонија и Бугарија не го решат билатералниот проблем… додека постои проблемот ќе биде многу тешко да се организира процесот за проширување и одржувањето на меѓувладината конференција… ЕУ не може да се меша во билатерални проблеми на земјите членки, но да се одржи меѓувладината конференција потребно е сите 27 земји членки да се согласат вклучувајќи ја и Бугарија… интересите на Бугарија мора да бидат почитувани… Овие прашања мора да ги решат двете земји и тоа е предуслов да се одржи меѓувладината конференција.“

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со зборовите “Честитки, драг Зоране, ти испиша историја“, му ја честиташе наградата на германската фондација “Фридрих Еберт“ на македонскиот премиер за 2020 година доделена за човекови права.

И така, наместо датум за почеток на преговорите со одржување на Меѓувладина конференција со Европската Унија, поради бугарското вето, додека не признаеме дека сме Бугари, останавме само со наградата од една германска фондација.

А, што ни порача Заев од Берлин? Рече: “Утре (17 ноември 2020, м.з.) нема да добиеме добри вести од Советот за општи работи во Брисел. Решението ќе се бара во декември!“ Кое решение црни Зоране ќе бараш во декември кога од Софија се закануваат нема членство во Европската Унија додека самите не изјавиме, дека сме Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, нема Македонско малцинство во Бугарија, Бугарите не биле окупатори во Македонија во Втората светска војна туку администратори на германските фашисти!

– Историјата ја искористивме како алатка за градење на иднината, – се надополнува Заев од Берлин.

Ама, Заев и неговата камарила заборавија дека без минато нема иднина, а тој што не се учи на грешките од минатото, ги повторува во иднината!

Од европската реторика ретерира и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, сега тој смета дека “без разлика дали ќе почнеме пристапни преговори со Европската Унија, треба да се фокусираме на реформската агенда дома“! Димитров заборави дека во јуни 2020 година изјави “Ако не добиеме датум до октомври, тоа ќе биде точка на нашата ЕУ перспектива!“

За спас од лагите, оваа марионетска власт е подготвена се’ да распродаде, за се’ да се согласи! Ако ја почитуваше волјата на Македонскиот народ, одамна требаше да си поднесе оставка и да замине во историја, со лиценца за Идризово, затоа што со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и Законот за употреба на јазиците објавен на 14 јануари 2019 година, изврши велепредавство на државата Македонија и народот Македонски, државата Македонија ја проектира во територија без народ и историја чии администратори треба да бидат Атина и Софија.

Награда за човекови права на човек кој изврши флагрантно кршење на човековите права е срам за германската фондација “Фридрих Еберт“, ама со ЕУ едно научивме, бетер е од Скопско и се’ е можно!

ЕУ и се’ е можно, блудницата вавилонска…

Пишува: Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...