Обвинетите во настаните во Собранието ќе имаат пет дена да побараат амнестија повикувајќи се на Законот, иако обвинителството нема направено преквалификација на делото

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 8:23

Пет дена за барање амнестија, конфузно кој е организатор а кој насилник

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Законот за амнестија за немилите настани во Собранието е донесен, иако конфузно на него може да се повикаат сите, иако сеуште нема правен основ како нема преквалификација на дело.

Амнестијата за случувањата во Собранието минатата година нема да ги опфати организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата со фантомки кои извршиле насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.

Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно член 324 од Кривичниот законик, се согласија вчера членовите на Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување.

Собранието вчеравечер по скратена постапка го донесе Законот за амнестија откако претходно вчера Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување постигна согласност за тоа што ќе биде опфатено со него.

Тој е донесен пред да бидат донесени пресудите за овој случај, а обвинетите имаат рок од пет дена по донесувањето да поднесат индивидуално барање до Судот и јавното обвинителство, кои се надлежни за случајот.

Законот беше донесен со 95 гласа „за“, без против и воздржани. Го поддржаа и двајца пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Илија Димовски и Панчо Минов, кои се придружија на листата предлагачи.

По постигнувањето согласност околу законското решение, копретседавачот со Интерпартиската група Фросина Ташевска-Ременски изјави дека се движеле во рамки на тоа што не може да биде опфатено со законот за амнестија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести