Поворката со посмртните останки на патријархот Иринеј пристигна во Храмот Свети Сава околу 12,30 часот, по што стражарите на српската армија го донесоа ковчегот и го положија на скелето во центарот на Храмот.
Погребната литургија започна нешто пред девет часот во Катедралната црква во Белград, каде што е изложен ковчегот со телото на покојниот патријарх Иринеј.
Ковчегот со телото на српскиот патријарх Иринеј е во средината на храмот и е целосно затворен, а во делот на главата и градите е покриен со стакло.
Патријархот Иринеј ќе биде погребан во недела во Храмот Свети Сава. Граѓаните ќе можат да се збогуваат со патријархот, но со почитување на епидемиолошките мерки.
Патријархот Иринеј беше примен во болницата на 4 ноември, откако беше потврдено дека е заразен со коронавирус. Иако немал никакви симптоми или проблеми, тој бил хоспитализиран поради неговата возраст.
Починатиот патријарх ќе биде погребан во недела во криптата на Храмот Свети Сава, а во моментов неговото тело е во Соборниот храм.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.