Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 33 степени.

Објавил: Весна Петровска | 18 јуни, 2019 9:27

ПОДГОТВЕТЕ СЕ! Големо невреме во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Денеска времетво во во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево и топло со умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Невреме во Македонија, од четврток нов температурен шок

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести