Трагедијата се случила кај местото Лагадин. Мажот починал после скок во Охридското езеро  и удар во камен. Повредениот бил итно пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите. Неуспешни биле обидите на лекарите да го спасат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 август, 2019 16:42

Познат идентитетот на момчето кое почина вчера во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Празникот Илинден заврши несреќно за 35 годишниот Д.Л. кој вчера при скок во водите на Охридското езеро починал на лице место.

Трагедијата се случила кај местото Лагадин. Мажот починал после скок во Охридското езеро  и удар во камен. Повредениот бил итно пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите. Неуспешни биле обидите на лекарите да го спасат.

Трагедијата се случила нешто пред 20:00 часот и веднаш било пријавено дека во Охрид на плажата „Лагадин“, Д.Л. (35) од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата.

За жал од здобиените повреди, младиот Д.Л. при транспорт во болница, им подлегнал на повредите и починал.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести