Манчестер Јунајтед е во потрага на нов тренер. Се шпекулираат веќе неколку имиња во Англиските медиуми.

Објавил: admin@magazin | 18 декември, 2018 22:15

Познат наследникот на Мурињо во Манчестер Јунајтед

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Откако португалскиот стратег Жозе Мурињо доби отказ,Манчестер Јунајтед е во потрага по нов тренер. Англиските медиуми веќе шпекулираат неколку имиња.

Според  „Скај спорт“, досегашниот помошник на Мурињо, Мајкл Керик ќе биде наследник на Португалецот. Триесет и седумгодишниот Керик цели 12 сезони го носешe дресот на Манчестер Јунајтед.
Керик за „Црвените ѓаволи“ има одиграно 316 натпревари и постигнато 17 гола. Неколку медиуми во Англија шпекулираат со имињата на Лоран Блан 

Жозе Мурињо е португалски фудбалски менаџер и моментален менаџер на Реал Мадрид во Ла Лига. Го има прекарот Специјалниот (Посебниот), кој што самиот си го измислил што подоцна бил прифатен од британските медиуми. За многу експерти, играчи и тренери Мурињо е еден од најдобрите менаџери во фудбалската историја.

и Оле Гунар Солскјер.

Манчестер Јунајтед е најуспешен клуб во Англија, со освоени рекордни 20 национални титули, 12 титули во ФА Купот, 5 титули во Лига Купот и рекордна 21 титула во ФА Комјунити шилд.

Клубот исто така три пати ја освоил УЕФА Лигата на шампионите, еднаш УЕФА Лигата на Европа, еднаш УЕФА Купот на победниците на куповите, еднаш Суперкупот на УЕФА, еднаш Интерконтинеталниот куп и еднаш Светското клупско првенство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...