Во Кавадарци од контролираните 16 возачи полицијата со алхо тест констатирала пет прекршоци и во Неготино од контролираните 40 возачи санкционирани биле 12 пијани возачи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јуни, 2019 19:51

Полицијата казни 25 пијани возачи во Кавадарци, Велес и Неготино!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во неделата на вечер полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, од полноќ до 5 часот наутро извршиле контрола на возачи дали управуваат возило под дејство на алкохол.

Како што информираат од СВР Велес, од контролираните 117 возачи биле регистрирани 25 прекршоци, од кои во Велес од контролираните 61 возач осум возачи возеле под дејство на алкохол.

Од 117 контролирани на подрачкето на Велес, Кавадарци и Неготино биле регистрирани 25 пијани возачи, од кои најмногу 12 биле фатени на подрачјето на Неготино.

Во Кавадарци од контролираните 16 возачи полицијата со алхо тест констатирала пет прекршоци и во Неготино од контролираните 40 возачи санкционирани биле 12 пијани возачи.

Исто така одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести