Поповска вели дека СДСМ треба да си стои на зборот и да ѝ даде поддршка на парламентарната група од 12 пратеници, кои поднесоа иницијатива за промена на Изборниот законик.

Објавил: admin@magazin | 22 септември, 2019 17:55

Поповска од ДОМ: „Сметаме дека е дојдено време државата да стане една изборна единица”(видео)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека е дојдено време државата да стане една изборна единица и сметам дека за разлика од пред 4 години, овој пат ќе успееме да добиеме поддршка од сите политички партии бидејќи одлуката за промена на Изборниот законик треба да се донесе со консензус. 

Поповска вели дека СДСМ ќе си стои на ветувањето што го даде пред изборите и ќе ја поддржи иницијативата. Нивниот предлог е испратен до сите политички партии, а средби очекуваат и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“.

„Сметаме дека е дојдено време државата да стане една изборна единица и сметам дека за разлика од пред 4 години, овој пат ќе успееме да добиеме поддршка од сите политички партии бидејќи одлуката за промена на Изборниот законик треба да се донесе со консензус. Го иницираме оваа прашање за да не се доведеме во ситуација пред изборите в година големите партии повторно да се договорат и донесат козметички промени.

На 30 септември имаме закажано средба со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на оваа тема. Сметаме дека СДСМ ќе си стои на ветувањето што го даде пред изборите и ќе ја поддржи иницијативата. Нашиот предлог е испратен до сите политички партии, а средби очекуваме и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, вели Поповска.

Овој процес е фер и правичен. Малите партии на овој начин не ќе мора да коалираат со големите по секоја цена, односно да се создаваат вештачки коалиции, пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска.

Имаме партии, како, на пример, ВМРО-НП, која во парламентот нема свој претставник, а имаше повеќе од доволно гласови за пратеничко место. Истото важи и за големите, и тие губат гласови на шест места, а со тоа и мандати. На овој начин ќе добиеме и поголема шареноликост, повеќе демократизација во парламентот, што во секој случај ќе биде најголема придобивка за граѓаните“, додава Поповска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика