Како резултат, стапката на невработеност, по национална дефиниција, се зголеми за 4,7 проценти на 12,2 проценти.

Објавил: Перо Милчин | 1 април, 2020 14:49

Поради вирусот пола милион граѓани останаа без работа: Бројот на невработени достигна историски рекорд, најголем од 1946 година!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пандемијата на вирусот корона предизвика сериозни последици за австрискиот пазар на трудот, каде што бројот на невработени достигна историски рекорд, највисок од 1946 година.

Според изјавата на Службата за вработување (АМС), на крајот на март, во однос на истиот месец лани, има за 52,5 проценти повеќе невработени.
Во АМС во моментот се пријавени вкупно 562.522 лица без работа.

Како резултат, стапката на невработеност, по национална дефиниција, се зголеми за 4,7 проценти на 12,2 проценти. Од 16 март, во сила се ограничувањата на слободата на движење, што предвидува и затворање на продавниците.

„Екстремниот пораст на невработеноста не е само огромен предизвик за толку многу невработени лица и нивните семејства, туку го става и АМС и неговите соработници на невиден тест за издржливост“, рече директорот на АМС, Јоханес Копф.

Тој истакна дека за прв пат од почетокот на 2017 година, имало уште едно зголемување на невработеноста.

Најголем пораст на невработеноста е забележано во гастрономијата и угостителството (+145,1 процент), по што следи градежништвото (+94,8 проценти), сообраќајот (+83,8 проценти).
Бројот на луѓе без работа во трговијата е зголемен за 34,4 проценти и во производството за 34,2 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.