Азем Власи за време на социјалистичкиот период на Југославија беше десна рака на Милошевиќ за Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 6:58

Поранешниот претседател на косовските комунисти со изјава за самостојна држава Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот висок функционер во некогашна Југославија и советник на актуелниот косовски претседател Хашим Тачи – адвокатот Азем Власи – смета дека размена на територии меѓу балканските држави не е возможна – бидејќи тоа прашање е веќе затворено.

Како што пренесоа косовските медиуми – Власи во интервју за Радио Сараево – изјави дека српските власти предводени од претседателот Александар Вучиќ постојано потпалуваат непотребни кризи во регионот – иако знаат дека Косово уште од 1999 година е самостојна држава – независна од Србија.

“Вучиќ и луѓето околу него кои се на власт во Србија а кои се стасани таму каде што се во времето на конфликтот – етничкото чистење и истребувачката војна – не знаат да ги решат проблемите со дијалог. Иако знаат дека од 1999 година Косово е независно од Србија тие постојано поттикнуваат големи кризи во Косово. Вучиќ има внатрешни тенденции да лаже дека косовските Срби се загрозени и дека тој е тука за да ги спаси.” – изјави Власи.

Според него бесмислени се најавите дека 30.000 Срби од северно Косово ќе прогласат автономија бидејќи ќе ги остават вон таа автономија 60.000 останати сонародници кои живеат во други делови на Косово. Освен тоа таков процес е против Уставот на Косово и самата држава нема да го дозволи.

Во врска со можностите за размена на територии или за “корекција на границите” како што го нарекува тоа косовскиот претседател Тачи – Власи изјави дека тоа нема никакви изгледи да се случи – бидејќи – како што рече  – Косово и Србија се држави кои се признаени со актуелните граници.

“Нема да има размена на територии. Во регионот на поранешна Југославија каде што имаме седум држави прашањето на границите е затворено иако може да има договори за мали корекции на териториите.” изјави Власи.

И додека поранешната десна рака за Косово на Слободан Милошевиќ го соопшти својот став официјален Белград со кратка изјава дека за Косово преговорите не се ни во напредна фаза а не пак да се завршена тема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.