Тој едногласно ја доби довербата од Изборното собрание, како единствен номиниран кандидат за оваа партиска функција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 септември, 2019 17:11

Изет Меџити е избран за нов претседател на ДУИ во Чаир!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, кој повеќе години беше градоначалник на Чаир, е новиот претседател на огранокот на интегративците.

Изет Меџити доби поддршка од околу 60 членови на Изборното собрание на Демократската унија за интеграција во Чаир. На Изборното собрание присутен беше и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

– Од понеделник ќе бидеме на терен, на состаноци со граѓаните за да ја создадеме новата програма на ДУИ за подобри услови за граѓаните – рече Меџити.

Тој на локалните избори 2013 остварил една од нај убедливите победи во вториот изборен круг со освоени 70% од гласачките ливчиња.

Меџити е член на политичката партија ДУИ. Тој е еден од четворицата потпретседатели на партијата, заедно со Теута Арифи, Невзат Бејта и Гзим Острени. Освен тоа, тој е член на Централното претседателство на партијата.
Првиот мандат го добил на изборите за локална самоуправа во 2005.

Еден од неговите позначајни потези е поставувањето споменик на „Скендер-бег“ на општинскиот плоштад.
За време на неговиот втор мандат донел одлука за преименување на четири основни училишта од општината, која е противзаконска.

Поради незаконитоста на одлуката на свидетелствата кои се издаваат во овие училишта стојат стари имиња на училиштата.

Тој бил вмешан во инцидентот од 2011 година кога беше урната црквата на Скопско кале, со што се заострија меѓуверските односи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.