Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 февруари, 2021 19:47

Потресно сведоштво на братот на музичарот Ице: Дали некогаш нешто ќе профункционира во Македонија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред малку на фејзбук се огласи братот на почитаниот музичар Борче!

Мојот брат Ице Атанасовски , денес мора да го наречам покоен, а не морав.

Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив.

Познатиот музичар-саксафонист, Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со Корона вирусот.

Со денови ги молевме да го пуштат Охрид, Скопје, некаде, тие дури ни викаа навредени, дека биле способни да го лечат. А тој ден за ден пред очите ни се топеше. Дури ни рекоа ако го земиме и не го примаат некаде, кај нив да не сме го враќале…

Не можеа да му направат обично снимање на срцето 10 дена, ниту нешто што би му помогнало. Само лежеше, едвај и да влегуваа во соба. За на крајот да го снимаат конечно, да ни кажат мора да оди итно Скопје, ама не се знае дали патот ќе го преживее…

Па зошто тогаш не се јавија кај колегите Скопје да кажат каков пациент иди? Не ни дадоа ништо, ни што примал, ни како примал, докторите Скопје мораа да почнат од почеток се пред да го оперираат. Каде им е душата и човечноста?? Брат ми издржа 5 операции на срце, ама штетата што беше направена Битола му го уништи организмот за да не може да закрепне од операциите.

И сега?? И пак никој нема да одговара што него го снема на 43 години, оти тие беа неспособни да признаат дека НЕ се способни???

Дали некогаш нешто ќе профункционира, дали докторите на интерно ќе престанат да се однесуваат како ние да сме ништожни и безвредни??

Дали некогаш ќе почнат да го ценат човечкиот живот??

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam