Директорот на болницата во Вухан, Лиу Жиминг, починал денеска во 10:30 часот по локално време. Жиминг е вториот доктор кој почина како последица од коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 февруари, 2020 10:23

Почина директорот на главната болница во Вухан-го загуби животот од коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тажна вест ја потресе Кина, откако денеска беше соопштено дека од смртоносниот коронавирус починал и шефот на главната болница во Вухан, местото кое беше епицентар на епидемијата со коронавирусот.

Директорот на болницата во Вухан, Лиу Жиминг, починал денеска во 10:30 часот по локално време. Жиминг е вториот доктор кој почина како последица од коронавирусот.

Вкупно 1.873 мртви, од кои 1.868 во Кина, а петмина во други земји, е последниот биланс на починати од коронавирусот од кој вкупно се заразени окоу 73.000 луѓе.

Неговата смрт беше потврдена денеска.

Претходно, почина и Ли Венлианг, кинески доктор кој прв предупреди на опасноста на коронавирусот.

Инаку денеска францускиот министер за здравство Оливие Вера предупреди за „веродостоен ризик“ епидемијата на новиот коронавирус да се претвори во пандемија.

Кинеските власти денеска соопштија дека Кина ќе ги означи како маченици здравствените работници што починаа во борбата против коронавирусот. Кина е во тотален хаос, околу 780 милиони Кинези, се под мерки на заштита. 

Ова е и работна претпоставка и веродостоен ризик, изјави Вера за Радио Франс Инфо, на прашањето дали постои можност епидемијата на коронавирусот да се претвори во пандемија.

Оливие Вера рече дека Франција како светска сила, има моќ  и е подготвена да се справи со сите предизвици. Вера истакна дека здравствен систем на Франција е доволно силен и добро опремен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.