Македонските ракометари денеска го имаа собирот кој го означи стартот на подготовките на претстојниот Мундијал, во Германија и Данска кој ќе се одржи во јануари.

Објавил: admin@magazin | 24 декември, 2018 19:08

Почнаа подготовките за Светското ракометно првенство

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Стартот на подготовките е без селекторот Раул Гоналзез и неговиот помошник Роберто Парондо, двајцата шпански стратези беа отсутни поради католичкиот Божиќ.

Тренинзите на ракометарите ќе се реализираат во салата Борис Трајкоски а целата подготовка за светското ракометно првенство ќе се одвива во Скопје. Во деветти јануари наредната година тие треба да одлетаат за Минхен каде ќе ја играат групната фаза за Светското првенство.

Ќе се одиграат и два пријателски дуели со селекцијата на Србија на 4. и 5. јануари, од кои вториот е од затворен карактер, тој ќе биде и последен тест пред патувањето на Мундијалот.

Селекцијата ќе биде и значително подмладена, и во комбинацијата за настап на Светското првенство ќе ги нема Филип Миркуловски, Немања Прибак и Никола Маркоски.
Во нашата група се уште и селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд и Бахреин а турнирот го започнуваме против селекцијата на Јапонија 11 јануари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...