Невообичаена причина за оставка

Објавил: Узунов Бобан | 15 февруари, 2019 13:05

Пратеник си поднел оставка откако украл сендвич

Фото/Текст извор: ©магазин

Словенечкиот пратеникот Фариј Крајчич  од партијата ЛМШ, во словенечкиот парламент поднесе оставка откако „украл“ сендвич во продавница во Љубљана. 

54-годишниот Крајчич за време на седница раскажал дека на паузата за ручек заминал да си купи сендвич, но се изнервирал откако вработените си правеле муабет меѓу себе и не му посветиле внимание. Па, решил да го „тестира“ системот за обезбедување, така што излегол без да плати. Сепак, пратеникот се вратил и платил за сендвичот.

Првично, неговата приказна предизвика смеа меѓу неговите колеги-пратеници. Но, подоцна, лидерот на парламентарната група на ЛМШ, Бране Голубовиќ, ја оцени постапката на Крајчич како неприфатлива. Тој рече дека пратеникот се покајал и извинил.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести