Во фокусот на фестивалот се македонските џез музичари и промоција на македонската џез музика.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2020 11:04

ПРВО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „КРАЈ ВАРДАРОТ ЏЕЗ” ВО МКЦ ПАРК

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ на 23 и 24 јули, во паркот позади МКЦ ќе се одржи првото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“.

Во фокусот на фестивалот се македонските џез музичари и промоција на македонската џез музика.

Првата фестивалска вечер ќе почне во 19.45 часот со настапот на скопскиот џез музичар Филип Букршлиев, кој ќе отвири композиции од неговиот соло гитарски албум „Don’t go away mad because the Duke is not coming back“, објавија град Скопје!

Двете фестивалски вечери ќе се одвиваат согласно протоколите предвидени за организација на настани од овој тип, поради актуелната ситуација со коронавирусот.

Задолжително е носење маска, а столчињата ќе бидат поставени на 2 метри растојание.

Бројот на посетители е ограничен на 300 седишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Џез

Светски познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Четкар, денеска го промовираше својот нов сингл „A new day“ за кој сними и спот – во Охрид.

Светскиот а наш музички Амбасадор со нов СИНГЛ и нов спот по Охридската калдрма

Џезерот танцува по калдрмата: Владимир Четкар има нов сингл, а спотот отвора прозорче...

Небулозите, надвор од секаков здрав разум, со кои во подолг период се соочуваме во релациите со Министерството за култура, од кои мал дел се познати на јавноста, за Скопскиот џез фестивал се веќе неподносливи.

2021 година без Скопски џез фестивал?Министрите не сакале ниту да слушнат?

2021 година без Скопски џез фестивал? Ве информираме дека одржувањето на јубилејното...

Добрите познавачи на музиката знаат кој е Дамјан Пејчиноски, гитарист кој уште од млади деновија ја воодушевува светската музичка јавност…

Дамјан Пејчиноски со емотивна инструментална изведба на „Јано мори“ (ВИДЕО)

Дамјан Пејчиноски роден е во Охрид во октомври 1984.Тој е македонски гитарист кој живее...