Се дознава дека заразениот маж со корона вирусот неодамна дошол од Унгарија. Мажот има температура од 37, 4 и се чувствува добро.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 март, 2020 20:36

ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНА ВИРУС ВО СРБИЈА: Ова е бизнисменот кој е заразен од вирусот- пристигнал од Унгарија

Фото/Текст извор: ©Foto: Printscreen магазин.мк

Маж од Суботица (43) е првиот човек што се зарази со корона вирус во Србија, рече министерот за здравство Златибор Лончар на вонредна прес-конференција.

Се дознава дека заразениот маж со корона вирусот неодамна дошол од Унгарија и бил во посета кај неговата сестра. Мажот има температура од 37, 4 и се чувствува добро.

– Беше прашање на време кога тоа ќе се случи. Заразениот човек има 43 години, се чувствува добро и нема проблеми. Тој повеќе пати ја посетувал Будимпешта, каде живее и неговата сестра. Имала проблеми со респираторниот систем, треска и сите оние знаци кои биле слични на коронавирусот. Тој беше крајно одговорен, ги испрати своите деца кај неговите баба и дедо во село, рече министерот за здравство Златибор Лончар на вонредната прес-конференција, свикана вчера, само еден час по приемот на резултати.

Тој пријавил симптоми слични на болеста предизвикана од Ковид-19, потоа биле земени примероци и нивниот третман во лабораторијата на Институтот Торлак покажал дека пациентот е позитивен на вирусот корона.

Српскиот пациент e од Бачка Топола има семејство и приватна форма и е познат бизнисмен во Војводина.

Вработените во неговата фирма веќе имаа прослава на 8-ми март, така што имаше и колективен собир. 

Тој се чувствува добро и е сместен во инфективниот оддел на Општата болница Суботица, членовите на неговото семејство се негативни за вирусот, а секој што имал контакт со него, ќе биде под медицински надзор, рече Министерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија


По овие најави веднаш почнаа градоначалници од редовите на Српската напредна партија да поднесуваат оставки. Тоа денес го направи и градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој најави дека формално се повлекува од таа функција, но дека посветено и посветено ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка на довербата на граѓаните, соопшти градската управа.

„Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на белградско ниво“, изјави Шапиќ.

Овие најави доаѓаат по трагичните настани на северот на Косово, убиството на еден косовски полицаец и елиминацијата четворица луѓе од бунтовничката српска група. Јосип Јуратовиќ, шеф на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, во интервју за „Данас“ рече дека „прогласувањето ден на жалост за делата извршени од страна на паравоените структури од страна на Србите во Косово предизвика огромно згрозување не само во регионот, туку и во целиот свет. Дотолку повеќе што српските институции со прогласувањето на загинатите членови на паравоена организација ги поттикнуваат младите да направат сличен чин бидејќи тоа го гледаат како херојство. Овие убиени млади момци не се херои, туку жртви на неуспешните политики изградени врз лажни митови, кои триесет години ја прикажуваат Србија како недоверлив партнер“.

Тој оценува зошто дојде до оружената пресметка во селото Бањска.

„Очигледно е дека кој и да стои зад тој обид за неуспешен бунт на Србите во Косово, дека Вучиќ долгорочно ја создаде климата и беше само прашање кога ќе се случи нешто слично. Концентрацијата на моќ акумулирана од Александар Вучиќ дојде за наплата, бидејќи тој ја изгуби контролата врз целиот режим што самиот го создаде и стана жртва на сопствените амбиции“, вели Јосип Јуратовиќ.

Србија оди на избори на 17 декември

Шефот на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ, изјави...

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Растат платите во Србија

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра. Владата...

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...