Амбасадорот на Русија во ОБСЕ најави "офанзива" пред Советот за безбедност против Преспанскиот договор, дури и ако тој биде насилно имплементиран во Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 11:48

Преспанскиот договор ќе оди на ревизија пред СБ на ОН

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Рускиот амбасадор во ОБСЕ Александар Лукашевич со серија твитови ги коментира политичките случувања во Македонија и го повторува искажаниот став дека Договорот од Преспа ќе биде разгледан во Советот за безбедност на ОН.

Лукашевич по налог на шефот на руската дипломатија откри дека и имплементиран, Преспанскиот договор ќе се најде на дневен ред пред СБ на ОН.

Евентуалниот конечен договор, во согласност со став 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН, ќе биде разгледан од Советот за безбедност на ОН. – наведува Лукашевич во твитовите што ги пренесува и Руската амбасада во Скопје.

Во контекст на политичките случувања, Лукашевич вели дека „мешањето на САД и другите западни земји во внатрешните работи на Македонија предизвика повторно враќање на акутната политичка криза во земјата која не е надмината повеќе од три години“.

Јавната доверба во институциите и демократските процедури во Македонија се поткопани. Референдумската алатка и праламентарната процедура беа дискредитирани. Прогонот на оние кои не се согласуваат со политиките на владата на Македонија се интензивираат. Продолжува невидениот притисок врз претседателот на државата, а се појавија и информации дека телефоните во неговиата канцеларија се прислушуваат. -наведува рускиот амбасадор во пораките на Твитер.

Серијата пораки ги завршува со оценка дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје има важна улога во поддршката на процесот на хармонизација на меѓуетничките односи, зајакнување на разбирањето меѓу националните заедници како основа за одржување на стабилноста и безбедноста во согласност со одредбите од Охридскиот рамковен договор.

Последните официјални реакции од Москва за случувањата во Македонија беа на крајот на октомври годинава по референдумот и отворањето на процесот на уставни измени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести