Кај полициски службеници пронајдени и одземени се денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 август, 2019 9:51

Приведени петмина полициски службеници од ГП Богородица, осомничени за земање мито!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Од ГП Богородица се приведени петмина полициски службеници поради сомнение за земање мито.

Како што информираат од МВР Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и дејствија.

Кај полициски службеници пронајдени и одземени се денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци.

Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот ќе бидат изведени пред надлежниот јавен обвинител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести