Полицијата утринава приведе 6 лица во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2019 10:53

Приведени 6 лица за несреќата кај Ласкарци, меѓу кои и сопственикот на “Дурмо Турс” и возачот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Полицијата утринава приведе 6 лица во врска со автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово во близина на селото Ласкарци.

Алсат неофицијално објави дека дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на Дурмо Турс.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар.

Оваа страотна автобуска несреќа се случи кај Ласкарци на 13 февруари 2019 година околу 17 часот, во која животот го загубија дури 15 лица, а 37 од патниците беа тешко повредени.

Несреќата се случила откако автобусот од не познати причини излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.

За спасување беа мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“.

Владата ги прогласи за ден на жалост 14 и 15 февруари. 

Инаку пред неполн месец министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски излезе со изјава дека очекува Јавното обвинителство што поскоро да излезе со конкретна причина за несречата за која беа собрани мнгу докази, дадени на вештачење, бидејќи како што изјави возачот имал закани по живот.

Во врска со деталите за случајов, Јавното обвинителство денеска во 10:30 часот ќе одржи прес-конференција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести