По ова тој се огласи на својот Фејсбук профил и напиша дека тоа е за неговиот ангажман како истражител и дека е подготвен да ги врати парите, доколку се утврди некаква незаконитост.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 ноември, 2019 9:28

Примислав Димовски: Добив пари од СЈО зошто бев истражител- подготвен сум да го вратам секој денар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото либертас

Вчера во јавноста излезе листата на лица кои добивале надоместоци за ангажман во СЈО, меѓу кои стои и името на командантот на полициската единица Алфи, Примислав Димовски, објави НОВА ТВ. 

Командантот на полициската единица Алфи, Примислав Димовски чие име се наоѓа на лисата на лица кои добивале надоместоци за ангажман во СЈО

 

-Како истражител во СЈО бев ангажиран во време во кое сосема неизвесно беше кој ќе ја предводи власта во наредниот период. Од клучно значење беше ангажманот на припадниците на МВР во СЈО, иако само малкумина, и покрај заканите и притисоците, се приклучија во борбата за правдата и вистината. Од клучно значење беше и моето повеќегодишно работно искуство во специјалните единици на МВР, за предмети за кои вистината гласно ја бараше целата македонска јавност. Часови и часови напорно работев со обвинителите, работев на материјалите од разговорите, но и на терен… Жедно ја посакував правдата и вистината и јас, и можам слободно да кажам дека ангажманот како истражител во СЈО беше еден од моите најголеми предизвици и искуство во професионалната кариера. За мојата работа никогаш не зборував, апсолутно почитувајќи го начелото на доверливост на кое се обврзав, но ангажманот можеше да се претпостави поради моето често физичко присуство во СЈО сите овие години.

Тој додаде дека добил најмал износ за неговиот ангажман за истражител. Примислав посочи дека е подготвен да го врати секој денар доколку се утврди дека парите кои ги добивал се многу повеќе од она што тој го сработел и за кое бил ангажиран.

Иако медиумите прикажаа табела со исплатени средства на која сум високо на врвот, за волја на вистината, од целиот тим на истражители износот кој мене ми беше исплаќан е најнизок во споредба со другите. Во секој случај, повикувам, доколку некој може да ја утврди вредноста на мојот вложен труд и работа на предметите, и времето поминато на ангажманот како истражител, и при тоа утврди дека тоа не е соодветно со средствата кои сум ги добивал за таа намена, јас сум подготвен да го вратам секој денар кој не сум го заработил, напиша Димовски на Фејсбук.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести