Тајните купувачи, ангажирани од SWOT Research ги завршија посетите на угостителските објекти, кои по случаен избор влегоа во трката за Најдобар угостителски објект во 2020 година, по што следуваше сумирање на резултатите, од кои произлегоа заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.

Објавил: Перо Милчин | 24 декември, 2020 12:24

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градот Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, по 13-ти пат го реализира проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје за 2020 година.

Годинава поради пандемијата со ковид-19 вирусот, а со цел заштита и превенција од ширење на истиот, не се оддржа традиционалното доделување на плакетите. Денеска, раководителот на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје, Марко Тодоров, на претставниците на најдобрите угостителски објекти им ги додели плакетите на отворено пред бараките на Град Скопје.

Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2020 година, а целта на истиот е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти на територијата на градот.

Тајните купувачи, ангажирани од SWOT Research ги завршија посетите на угостителските објекти, кои по случаен избор влегоа во трката за Најдобар угостителски објект во 2020 година, по што следуваше сумирање на резултатите, од кои произлегоа заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.

Истите се оценети согласно со примарните критериуми (стандарди), а годинава поради пандемијата беа дополнети со нови критериуми, вклучувајќи контрола на почитувањето на Ковид протоколите.

Испитувањето беше извршено според следните стандарди:

1. Прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување),
2. Хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени),
3. Тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки),
4. Covid – 19 критериуми (носење заштитна маска, дистанца на маси, средства за дезинфекција),
5. Амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика),
6. Услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување),
7. Општа услуга – (асортиман, адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка),
8. Квалитет на храната – (свежина, количина, вкус),
9. Завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување).

Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2020 година, во четирите категории се:

Категорија Ресторани

1 место: Стара Градска куќа
2 место: Антица
3 место: Амика

Категорија Гостилници:

1 место: Дебар маало
2 место: Градска кафеана – Кај Јоле
3 место: Градска кафана Досие Скопје

Категорија Lounge и мезе барови:

1 место: Рок кафана Рустикана
2 место: Горки
3 место: Soul kitchen bar

Категорија Кафулиња:

1 место: Happy caffe
2 место: Добар
3 место: Long play

Оваа година кај сите 4 категории на угостителски објекти беше забележан пад на вкупниот резултат во споредба со минатата 2019 година. Сепак, треба да се земе предвид дека беа мерени дополнителни стандарди и дека оваа година се работеше во вонредни услови на пандемија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ресторан

Со лансирањето на новата амбалажа на овие две вина, „Тиквеш“ го збогатува веќе широкиот избор во својата палета, создавајќи нови навики во одговорната консумација на вината од оваа категорија, особено во топлите летни месеци.

Омилените „Смедеревка“ и „Розе“ на ВВ „Тиквеш“ отсега и во полулитарска амбалажа

Скопје, 02.07.2020 – Најпопуларните вина од сегментот на традиционални вина на винарницата...

Гостите моментално уживаат во вечерата, а храна има во изобилство. Послужен е шведски стол, со најскапи сирења, пршути, печење неколку врсти на риба и торти.

ГОДИНИТЕ НЕ И МОЖАТ НИШТО: Фатална Цеца блесна во златна толета, погледнете која позната елита дојде на свадбата

Синот на балканската звезда Цеца, Вељко и неговата сега веќе сопруга Богдана Родиќ,...

Матичарот ја венча двојката во хотелот, а невестата го презеде презимето на младоженецот.

Се играа албански и македонски ора: Ексклузивни фоторгафии од свадбата на ЗЕКИРИ со кумовите ЗОРАН и ЗОРИЦА ЗАЕВИ!

Пратеникот Мухамед Зекири се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат...