Владимир Путин денеска го потпиша законот со кој се забранува било какво “бесрамно непочитување” на државата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2019 20:16

Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува навредување на државата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот со кој се забранува било какво “бесрамно непочитување” на државата. Тој ги потпиша измените на законот со кој се предвидуваат вртоглави парични казни за оние не ја почитуваат државата и шират лажни и опасни вести на интернет објави официјалниот портал за правни информации на Русија.

Со овој закон на руските власти им се овозможува блокирање на интернет-страници и изрекување казни за лажни вести и материјали кои се сметаат за навредливи за државата и јавноста.

Според критичарите со овој закон би можело да се создаде механизам за државна цензура, но законодавците велат дека се неопходни нови мерки за борба против лажните вести и навредливи онлајн коментари а ова е единствениот најдобар начин за нивно спречување.

Согласно измените на новиот закон, парична казна ќе добијат сите оние кои ќе го прекршат законот и ќе добијат парична казна до 400.000 рубли (6.100 долари) за ширење на лажни информации на интернет, а оние кои ќе покажат “бесрамно непочитување“ на државата на интернет, властите, јавноста, руското знаме или уставот, би добиле казна до 100.000 рубли (1300 евра) според новиот закон а доколку и покрај паричната казна делото се повтори, во тој случај следува казна затвор од 15 дена.

Инаку Горниот дом на Парламентот го одобри предлог законот на 13 март, а долниот дом, даде конечна согласност на 7 март.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести