Министерот за култура Хусни Исмаили го разреши Гордан Николов, а информацијата ја потврдија за САКАМДАЖАМ.МК од Министерството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 октомври, 2019 15:18

Разрешен директорот на Музејот на Македонија- Николов работел спротивно на законот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото СДК.мк

Денеска беше разрешен директорот на Музејот на Македонија Гордан Николов, откако во музејот беше извршен  вонреден инспекциски надзор.

Разрешен директорот на Музејот на Македонија фото Република

Министерот за култура Хусни Исмаили го разреши Гордан Николов, а информацијата ја потврдија за САКАМДАЖАМ.МК од Министерството.

„Директорот Гордан Николов е разрешен поради утврдена работа спротивна на Законот за култура и на Законот за музеите, како и на Статутот на установата, а по извршен вонреден инспекциски надзор од овластени инспектори за културата“, велат од кабинетот на министерот Исмаили.

Како што објави СДК, Министерството вели дека вршител на должноста директор ќе биде назначен во најкус можен рок, „со што Министерството за култура ќе направи се’ што е во своја надлежност НУ Музеј на Северна Македонија да продолжи непречено да ја извршува својата функција“.

Гордан Николов беше првиот назначен в.д. директор при смената на раководителите на културните институции.

Специјализирал музејски менаџмент во Осака, Јапонија, магистрирал во 2013 година. Во 2016 година беше избран за визитинг професор на Факултетот за архитектура при Американ колеџ – Скопје. Раководел и учествувал во голем број домашни и меѓународни проекти од областа на етнологијата и музејскиот менаџмент, како и проекти за заштита на културното наследство. Член е на меѓународни организации за промоција на културното наследство – Европската музејска академија и Форумот на словенски култури. Врвен експерт во својата област, во интервју за Окно објаснува дека Музејот на Македонија го затекнал во катастрофална состојба, но е дециден дека ќе направи сè што е потребно за да го претвори во културен репрезент на државата.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести