петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Еди Рама во интервјуто со новинарот Џек Парок, говореше на актуелни теми меѓу кои и за улогата на Европскиот совет за интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Рама потенцираше дека Советот многу не се базира на она што го прават владите на земјите како Албанија, туку на ситуациите и динамиката на внатрешната политика на земјите членки на ЕУ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 август, 2019 14:59

Рама во интервју за Евроњуз: Северна Македонија пред Албанија во ЕУ може да го дестабилизира регионот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за „Евроњуз“ (Euronews), албанскиот премиер Еди Рама изјави дека доколку Македонија влезе во ЕУ, пред Албанија тоа би можело да биде штетно за регионот, пренесе албанската телевизија „Топ чанел“.

-Би било многу штетно за регионот и во исто време неправедно. Македонија постигна напредок и заслужува да се пофали, бидејќи тоа го заслужува, но прашањето е дали ни треба конфликт за да се процени она што го правиме, изјавил Рама.

Еди Рама е роден на 4 јули 1964 во Тирана — албански политичар, уметник и писател, кој од 2013 е премиер на Република Албанија. Рама е лидер на Социјалистичката партија на Албанија од 2005. Тој бил министер за култура и спорт во владата на премиерот Фатос Нано (1998–2000), а во три последователни мандати бил и градоначалник на Тирана (2000–2011).

Еди Рама во интервјуто со новинарот Џек Парок, говореше на актуелни теми меѓу кои и за улогата на Европскиот совет за интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Рама потенцираше дека Советот многу не се базира на она што го прават владите на земјите како Албанија, туку на ситуациите и динамиката на внатрешната политика на земјите членки на ЕУ.

-Мораме да се соочиме со она што се повеќе одлучувањето на Советот на Европа не се заснова врз она што го правиме, на она што го прават земјите како нас, туку на внатрешната состојба или внатрешната политичка динамика во различни земји-членки, смета Рама.

Тој уште еднаш појасни што е Европа за Албанија.

-За нас Европа не е само обичен бирократски процес, група развиени земји во кои сонуваме да бидеме вклучени, за нас тоа е она истото што беше за оние кои ја создадоа како проект на мирот и соработката, изјави премиерот Рама за  „Евроњуз“.

Интервјуто кое беше реализирано во албанската владина вила во Дерми, кај Драч, особено му оставило впечаток на новинарот.

Тој посвети и статус на Твитер“, потенцирајќи дека особено му привлекла внимание облеката на Рама, која воопшто не била формална.

Новинарот напиша дека „Рама ги пречека пријателите бос и во кратки панталони“.

-Ова не беше вообичаено политичко интервју. Премиерот на Албанија не прими во неговата летна резиденција, бос и во кратки панталони. Нашето интервју се фокусираше на потенцијалот на Албанија за започнување на разговорите за пристапување во ЕУ, пишува новинарот.

МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.