Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди!

Објавил: Владо Марин | 4 јули, 2020 13:07

РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ НА ИНВЕРТЕРИ (АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ СЕ ВРШИ САМО ОНЛАЈН)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Град Скопје вчера го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди!

– Согласно со условите на овој јавен повик се отвора можноста за над 5.000 граѓани на Скопје да им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе биде инсталиран уредот имаат право да учествуваат на повикот. Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на барателот.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата – изјави Салиху.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести