Ако до сега Европа скришно ни се смееше поради распродавањето на националното достоинство и самообезличување, сега јавно и транспарентно не жали поради незапаметената некадарност на владата во справувањето со пандемијата!

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јуни, 2020 23:10

Рашела Мизрахи: Песочниот часовник на трпението кај македонските граѓани истече!

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

Еден од мудреците на античката философска мисла ќе запише: „Во животот сум посведочил навистина многу предавства но, секогаш одново се изненадувам од тоа, колку човек може да паѓа се пониско и пониско”.

Колумна на Рашела Мизрахи за Курир.мк

Овој цитат на најдобар можен начин го опишува општествено – политичкиот момент што изморената, опљачканата и понижената Македонија го преживува денес. Безуспешната фарса од „борба” на власта со КОВИД 19 во која Македонија секојдневно ги брои мртвите и новозаразените, е врвот на најбезочниот акт на предавство што една квази влада може да им го приреди на своите граѓани.

Предадени, оставени на цедило, без реален концепт и стихијно донесени (најчесто погрешни) одлуки, македонските граѓани со своите животи ја плаќаат цената за неспособноста на современите домашни квислинзи Заев, Спасовски, Шеќеринска и секако Министерот за несправување со здравствената криза Венко Филипче кој поради својата арогантност и измеќарска желба да му се додвори на својот ментор Заев, од Македонија направи масовна гробница на Балканот.

Ако до сега Европа скришно ни се смееше поради распродавањето на националното достоинство и самообезличување, сега јавно и транспарентно не жали поради незапаметената некадарност на владата во справувањето со пандемијата! И додека граѓаните ги полнат гробиштата кои згора на се’ се заклучуваат на Задушница, измеќарските невладини организации за кои Заев тврди дека се негови, во време на полициски час ветуваат ваучери и делат пакети со храна за душа на страдалницата Македонија!

Најважно е дека карантинот не важи за Шеќеринска и Шилегов кои уживаат во дебелата пролетна свежина на Маврово, генсекот на СДС не поздравува од боровата шума на Берово, а Филипче го порачува новиот контингент лубриканти за кои сите заедно ќе платиме нови стотици илјади долари. Мизеријата да биде поголема, додека Македонија пишти од несогледливите последици од лошите потези на власта под налетот на вирусот што не стивнува, Заев повикува на сплотеност?! Оној што претставува основа на разединетоста и разнебитувањето и е директно одговорен за стотици изгубени животи, повикува на сплотеност?!

Нема сплотување со неспособноста, безобразието и дезинтеграцијата на општеството! Сплотеноста е единствено можна околу согласноста за ургентна потреба од одговорност и изведување пред лицето на правдата! Тоа е единствената можна разврска од тригодишниот пекол во кој не втурна недоветното владеење на Заев и неспособниот кластер на власт.

Песочниот часовник на трпението кај Македонските граѓани истече! Правдата доаѓа!

Казната следува! Тоа е единственото што одроденото и неспособно раководство на СДС, денес го заслужува!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...