Тој зад себе остави бројни хитови а честопати луѓето го нарекуваа и „амбасадор на македонските песни“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 февруари, 2020 15:41

РЕГИОНОТ ВО ТАГА- Почина познатиот македоснки пејач кој зад себе остави бројни хитови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска почина легендарниот македонски пејач кој е роден во Прилеп, Ѓорѓи Желчески. 

Тој зад себе остави бројни хитови а честопати луѓето го нарекуваа и „амбасадор на македонските песни“.

Ѓорги почина на 82-годишна возраст, тој родум е од Прилеп. Желчески беше оженет со пејачката Кевсер Селимова со која живееше во Белград, а летните месеци ги минуваа во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска.

Селимова и Желчески имаат едно дете – ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година, пренесува Еспресо.рс..

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” итн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржале концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот-пет децении творештво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести