Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,168 ден/кг и ќе изнесува 31,436 ден/кг.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 февруари, 2021 13:56

Регулаторна ги одреди цените за горивата во следните седум дена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,13 % во однос на Одлуката од 25.1.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25.01.2021 година.

 Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар/литар и сега ќе изнесува 41,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,168 ден/кг и ќе изнесува 31,436 ден/кг.

Од 2.2.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 61,00  (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00  (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00  (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС  31,436  (денари/килограм)

 Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 0,407%, дизелот за 0,57%, екстра лесното масло за 2,317 %, додека кај мазутот има зголемување од 0,949% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,152%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.2.2021 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести