Да не беше полицискиот час за велигденските празници сликата ќе беше слична или иста.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 мај, 2020 15:11

Ременски: Не постои министер за внатрешни работи кој може да растури литија или верски обред во вонредна состојба!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешната министерка и пратеничка, Фросина Ременски преку социјалните мрежи го изрази својот став околу случувањата на вчерашниот настан во Струга.

Во Струга и денеска реакции по вчерашнатa верска литија за празникот Свети Ѓорѓи кога и покрај државната забрана за масовни собири, неколку стотици граѓани минаа во поворка по улиците на градот. 

Ременски вели дека личната одговорност на граѓаните падна на тестот на превенцијата во Струга, но исто така факт е дека загрозување на здравјето може да им и без вонредна состојба и без литии.

Најдете еден министер за внатрешни работи што растурил или може да растури литија или верски обред во вонредна состојба.

Ниту имало, ниту ќе има!
Да не беше полицискиот час за велигденските празници сликата ќе беше слична или иста.
Собирањето на Стружани е одраз на топло-ладно реториката околу победата над пандемијата. Ако важи она народната дека, стравот лозјето го чува, тогаш за да нема вакви собирања треба друг пристап.

Личната одговорност на граѓаните падна на тестот на превенцијата во Струга, но исто така факт е дека загрозување на здравјето може да им и без вонредна состојба и без литии.

Можеби статусот не е во рамка на ФБ атмосферата за “вечерното просветление за денска Струга”, но малку реалност не е на одмет.

Ако на реалноста се додаде дека, практикувањето на верата е едно од правата кое не може да се ограничи во вонредна состојба (а, можеше во полициски час), тогаш пак останува да зборуваме за личната свест и одговорност на поединецот, вели Ременски.
Кој ќе ги свика Собранието за да му ја констатира оставката на Чулев?

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи, а во врска со масовното присуство на граѓани на Литијата одржана на 7 мај 2020 година, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија, соопшти ОЈО.

,,Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на Литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани Одлуките на Владата на Република Македонија за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица, потребното растојание од најмалку два метри меѓу лицата и задолжително носење на заштитни маски доколку просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното, се вели во дел од соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...