Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив !

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 мај, 2019 12:11

Ременски се огласи по вчерашната “метла”- еве што напиша за Заев и Шеќеринска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеничката Фросина Ременски вчера беше разрешена од својата функција како пратеник во Собранието на РМ, по одржаната седница на Централниот одбор на СДСМ.

Пратеничката Ременски вчера беше разрешена од функцијата

Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив !

Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира !Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите !Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата !Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: “Одговорност мора да има” и “Никогаш да не се повтори!”. Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата. Борбата продолжува !

Инаку освен Ременски метла добија и Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов и Кирацовски.

По завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ, премиерот изјави дека она што го ветија го исполниле. Премиерот истакна дека отсега целиот фокус ќе биде на подобрување на животот на граѓаните, рече Заев, додавајќи дека започнале од своите редови за подобрување, а народот тоа ќе го цени.

Пораката ја примивме и сите сили ќе ги насочиме кон подобрување на животот на граѓаните. Следуваат промени во извршната власт , рече премиерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести