На денешната прес конференција, министерот за здравство - Венко Филипче најави воведување на нови мерки за превенција од епидемија.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 4 март, 2020 14:11

РИЗИЦИТЕ од ширење на КОРОНА вирусот се зголемуваат, надлежните воведуваат нови мерки

Фото/Текст извор: ©магазин

На денешна прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека засега има само еден регистриран случај на корона вирус во Македонија. Надлежните уверуваат дека жената која пред повеќе од недела дена се врати од Италија и беше хоспитализирана поради позитивниот резултат на корона вирус, се наоѓа во стабилна состојба.

Во јавноста кружеа информации дека сите патници од комбето со кое заболената се враќала во Италија биле тестирани на корона вирус и дека се потврдени уште нови случаи. Сепак официјалните соопштенија на Министерството за Здравство на Република Северна Македонија потврдуваат само еден заболен од корона вирус. Во меѓувреме се преземаат нови мерки за превенција од потенцијална епидемија. Новата мерка предвидува патниците од авионите на „Wizz Air“ кои ќе допатуваат на скопскиот аеродром од Милано и од Венеција да пополнуваат здравствена локатор карата. Со тоа би се овозможила полесна достапност до патниците и чести контроли и надзори за промените во нивната здравствена состојба.

 

Се дистрибуираат средства за дезинфекција во училиштата низ државата

Денеска низ училиштата низ државата се набавуваат средства за дезинфекција. Во тек се потпишувања и на нови договори за набавка на средства за заштита низ училиштата пред сè а потем и за другите јавни и државни институции. Министерството за здравство уверува дека состојбите со следење на корона вирусот се под контрола и дека будно се следат и имплементираат препораките на Светската Здравествена Организација.

 

Нови случаи на заразени од корона вирусот низ Европа 

Од СЗО пак потврдија дека вирусот се повеќе се шири низ Европа. Ханс Клуге, регионалниот директор за Европа на СЗО истакна дека во Европа се регистрирани вкупно 3365 патници заболени од корона вирус. Согласно официјалното соопштение на Министерството за Здравство – нови земји каде е проширен вирусот се Андора, Латвија и Португалија. Во Србија, Косово и Албанија нема регистрирани пациенти. Согласно наводите во соопштението на Министерството за Здравство – утрово, грчкиот министер за здравство го информирал министерот Филипче дека има уште еден пациент заболен од корона вирус во Грција. Сега се вкупно 8, од кои 4 се во Солун, 4 во Атина.

 

Важечки препораки од Министерство за здравство 

И понатаму важи препораката за неодржување на масовни собири поради страв од ширење на корона вирусот. Ова препорака некои од политичките гарнитури ја видоа како прилика да се спречат масовните граѓански собири кои ги организираше ВРМО – ДПМНЕ и во јавноста да не се испраќа слика за омиленоста на оваа политичка партија помеѓу граѓаните. Како и да е препораките од Министерството за Здравство треба да се следат без оглед на политичките импликации кои ги носат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести