Забраната ја потпиша рускиот премиер Миахил Мишустин.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 март, 2020 11:52

Руската Влада забрани извоз на маски и медицински производи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Руската Влада доенсе одлука за привремена мерка забрана за извоз на некои медицински производи и опрема, вклучително и заштитни маски и антивирусни лекови, која ќе биде во сила до 1 јуни. Ваквата одлука руската Влада ја донесе поради ширењето на новиот коронавирус.

Оваа привремена забрана ја потпиша рускиот премиер Миахил Мишустин.

– Се изрекува привремена мерка за забрана за извоз од Руската Федерација на производи од приложениот список, со исклучок кога се во состав на хуманитарна помош, заснована врз одлука на Владата, како и увоз на делови и материјали кои се дел од овие производи од страна на поединци, се вели во одлуката.

Како што соопшти Министерството за индустрија и трговија на списокот има заштитни очила, опрема за респираторна заштита, антивирусни лекови, раквици и одела.

– Напоменувам дека оваа уредба не се однесува на производи што би биле испратени како меѓународна хуманитарна помош (вклучително и на Кина), изјави министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Во Русија дневно се произведуваат околу 1,5 милиони заштитни медицински маски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.