сабота, 27 април 2024

MK/ EN/ DE



Ваквата одлука за затворањето на Џамијата Ал-Акса е донесена поради раст на бројот на заразени со Ковид-19 и во Израел и во палестинските териториии, а е воведена во периодот кога и Израел на три недели ќе биде затворен, кој ги контролира влезовите во џамијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2020 10:17

Се затвора џамијата Ал-Акса поради зголемениот број на заболени од Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно од утре, за вернции се затвора џамијата Ал-Акса во Ерусалим. Како што беше објавено од светските медиуми, џамијата која е трето најсвето место за муслиманите, ќе биде затворена три недели поради зголемување на бројот на заразени со новиот коронавирус.

Во Израел досега се потврдени речиси 167.000 случаи на Ковид-19, а 1.147 лица починаа од последици од новиот коронавирус.

Ваквата одлука за затворањето на Џамијата Ал-Акса е донесена поради раст на бројот на заразени со Ковид-19 и во Израел и во палестинските териториии, а е воведена во периодот кога и Израел на три недели ќе биде затворен, кој ги контролира влезовите во џамијата.

Инаку ова е втор пат џамијата Ал-Акса да биде затворена по окупацијата од Израел на источен Ерусалим во Шестдневната војна во 1967 година.

Во окупираниот Западен Брег од последици на Ковид-19 починаа 214 лица, а над 30.200 се инфицирани.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.