Според она за што се разговараше на седницата во однос на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 октомври, 2019 8:52

Се намалуваат сообраќајните казни, ќе бидат во висина од 15 до 250 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната владина седница беа усвоени предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Законот за прекршоци.

Според она за што се разговараше на седницата во однос на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните.

На владината седница беше одлучено да се намалат сообраќајните казни и да изнесуваат од 15 до 250 евра

Ако до сега достигнуваа и до 500 евра сега најголемата казна ќе биде 250 евра а најниската граница  15 евра. Но доколку се работи за животнозагрижувачки прекршоци тогаш казните  остануваат исти и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

На седницата освен за измените во Законот за прекршоци се разговараше и за возачите на електричните тротинети, односно се уште се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип возила, како и обврската за користењето заштитни средства.

на седницата беше одлучено да се продолжи  рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години. Беше донесена и  мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...