Објавил: Македонка Димкин | 16 јануари, 2019 23:32

Се топи надежта за Македонија на светското првенство во Ракомет!

Фото/Текст извор: ©

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров по денешниот пораз од Шпанија во кој Македонија одигра со прв тим само 35 минути, изјави дека утре ќе се покаже дали ова што се случи денеска било за – добро или лошо.

Кире Лазаров посочи дека ако нешто е добро во овој пораз е фактот дека Македонија мечот го загуби на стартот на вториот дел и дека барем можеле да се сочуваат силите за утрешната пресметка со Исланд која е – финале за нас.

Одигравме квалитетно прво полувреме во кое како што реков не влеговме со калкулации Требаше според играта и шансите, да водиме со 3-4 разлика во првиот дел, но тие шанси не ги искористивме. Во второто полувреме, едноставно се случи тоа што се случи и сега времето ќе покаже, а утре ќе видиме дали е за добро или лошо. Утре за нас е финале со Исланд и ако е нешто добро, тоа е што ја задржавме свежината. Може да бевме во егал до 59-та минута и да загубевме. Вака, сега да го заборавиме што побргу ова денеска, да се смириме и утре да го дочекаме тој меч“, рече Лазаров.

Капитенот посочи дека Македонија уште еднаш покажала дека не калкулира на ниту еден меч и додаде дека Исланд е незгодна селекција, но најави дека тој и ракометарите ќе дадат сè за да победат.

Ние на секој меч тргнавме на победа и тоа е за пофалба. Не отидовме за ниту еден меч во некаква калкулација, дека еден ќе биде добиен, овој изгубен… За нас утре е главниот дуел. Колку што ги гледав Исланѓаните, тие досега покажаа квалитет, добра селекција се, имаат играчи кои играат во добри клубови. Доста незгодни се, типични Скандинавци. Ќе биде тешко, но ќе дадеме сè од себе за пласман во ‘топ 12’“, додаде Лазаров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...