НА 7 ДЕКЕМВРИ КЕ БИДЕ ОБЕЛЕЖАНА 25 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ОСНОВОПОЛОЖНИКОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ГРАМАТИКА БЛАЖЕ КОНЕСКИ ТОКМУ ВО НЕГОВАТА РОДНА КУЌА И СПОМЕН МУЗЕЈ ВО НЕБРЕГОВО.

Објавил: admin@magazin | 12 ноември, 2018 14:54

Се уредува куќата-спомен музеј во Небрегово на основоположникот на Македонскиот јазик и граматика,Блаже Конески.

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По тој повод неговата родна куќа-спомен музеј се реновира и препокрива. Проектот е на прилепскиот завод и музеј и вреден околу милион денари. Истиот ќе ги спаси родната куќа на Конески и оргиналната музејска поставка и тоа е прво обновување на покривна конструкција од отворањето на спомен куќата на 1 август 2005 година. Може да се каже дека Конески на некој начин беше заборавен од државата а истиот имаше голем успех и влијание на Македонскиот јазик и граматика.

Директорот на прилепскиот завод и музеј Благоја Атанасоски изјави дека овај проект е поддржан од Министерството за култура а истиот проект е создаден од музејот во Прилеп. Тој истакнува дека од кога е отворена спомен куќата на Конески во Небрегово од 2005 не е ништо реновирано и според временските неприлики имаше потреба од интервенции за покривање и реновирање. ”Условите почнуваа да бидат лоши и во тој случај мораше нешто да се превземе бидејки тој музеј е во голема вреднoст за Македонијаизјави директорот Атанасовски.

Тој исто така кажува дека со овој вреден проект конкурирале во Министерството за култура, но од сегашната власт не добиле доволно средства па морале истите да се надополнат од музејот. Овај тендер за реновирање го доби една прилепска компанија а се препокрива со камени плочи кои истите се увезени од Грција, а новите плочи ке бидат заштрафувани за дрвена подлога. Директорот за овај проект се залага за квалитетно препокривање и тој верува дека овај проект ке биде многу значаен и успешен за Македонија и Македонските граѓани.

Со ова реновирање и уредување исто така се зголемува интересот за посета од ученици од Македонија, домашни и странски туристи а исто така и на ова место ке се одржуваат многубројни манифестации кој се значајни за нашата култура во Македонија.
Артефактите во куќата на Блаже Конески се безценети,автентични и тоа е исто така добар дел кој го користело семејството на Блаже Конески.Тие имаат голема значајност за многубројните посетители кој се најавени дека сакаат да го посетат спомен музејот на Конески.

Да се подсетиме дека Блаже Конески е роден во село Небрегово, Прилепско 19.12.1921 година а почина 7.12.1993 година. Тој беше филолог,поет и универзитетски професор.Најистакната фигура на македонистиката во периодот по ослободувањето на Македонија.Блаже Конески беше творец на основополжничките трудови на Македонскиот јазик (граматиката, речникот, историската фонологија и Македонскиот правопис).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.