Оваа запоставена страна од кејот на Вардар, наскоро ќе стане нов добро уреден јавен простор.

Објавил: Владо Марин | 25 јуни, 2020 7:29

СЕ ЧИСТИ И УРЕДУВА СЕВЕРНАТА СТРАНА ОД КЕЈОТ НА ВАРДАР

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Екипи на градските јавни претпријатија континуирано работат на терен на чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром.

Оваа акција која започна изминатата недела, Град Скопје ја реализира во соработка со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката.

Оваа запоставена страна од кејот на Вардар, наскоро ќе стане нов добро уреден јавен простор, стои во соопштението на град Скопје.

Оваа запоставена страна од кејот на Вардар, наскоро ќе стане нов добро уреден јавен простор, стои во соопштението на град Скопје.

Екипи на Инспекторат на Град Скопје исто така навремено спречија непрописно одлагање на кабаст отпад и создавање дива депонија во близина на комплексот на Природно математички факултет во Гази Баба.

Сторителот е најден преку сигурносни камери на комплексот и ќе биде соодветно казнет, соопшуваат од град Скопје!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести