На Германија и недостигаат квалификувани работници, посебно во малите и средните претпријатија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 јуни, 2019 20:22

Се што треба да знаете за новиот закон за вработување на странци во Германија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Многу медиуми на просторот на бивша Југославија, ја пренесоа веста дека Владата на Германија усвои закон кој ги прекинува визите за работа во Германија или дека овој нов закон овозможува поднесување барања за визи дирекно во Германија.

Оваа вест на жалост не е точна, затоа што Владата на Германија не го усвои законот, ниту се предвидува укинување на визата како и аплицирање за истите во Германија.

Во овој текст ќе ви објасниме што точно се случуваше поврзано за овој нацрт законот од декември 2018 година, каква врска има тоа случување со германската стратегија за привлекување квалификувани работни снаги, зошто овој закон беше важен и кои се можни компликации и критики на истиот, како и на кого би овој закон најмногу влијаел.

За време на бегалската криза кон крајот на 2015 година, Германската влада подготви посебен привремен план кој важи до крајот на 2020 година, кој отвора можност за добивање работни визи и за нискоквалификуваните работници од овие држави. Предуслов за добивање работна виза е доказ дека е обезбедена соодветна платена работа во германска фирма. Целта на овој привремен план беше да се спречи луѓето од Западен Балкан да поднесуваат неосновани барања за азил.

СТАТЕГИЈАТА НА ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ЗА РАСТОТ НА БРОЈНИ КВАЛИФИКУВАНИ РАБОТНИЦИ!

На Германија и недостигаат квалификувани работници, посебно во малите и средните претпријатија. Спрема податоците од институтот за истражување на германската економија во третиот квартал од 2018 година и фали 1,24 милиони квалификувани работници.

Студиите на Германската Развојна банка KfW tj. Förderbank KfW [Forderbank Ka-Ef-Ve] покажуваат дека две третини средни претпријатија, планираат да се зголеми бројот на вработени во наредните три години. 

Ситуацијата додатно ќе ја загрози заминувањето во пензија на генерацијата на лицата кои се родени во периодот од 1946 до 1964 година, после 2025 година. Како би се спречила таа ситуација, германската влада веќе ги презеде првите мери и во 2018 година ја објави стратегијата за растот на бројот на квалификувани работници во Германија.

Во студиите кои ги објави фондацијата Bartelsmann, во 2017 година се доселија скоро 1.180.000 лица во Германија. Број на лица кои дојдоа од земјите ван ЕУ се околу 545.000, а од тие се околу 118.000 азиланти. Останатите 635.000 лица дојдени се од земјите на ЕУ, од кои 60% се квалификувани работници со факултетска диплома или стручна обука.

Од друга страна само 7% од земјите ван ЕУ добија работна виза, на основа на своето образование. Најмногу стручњаци Германија доби од Романија, Полска, Бугарија, Хрватска и Италија, додека најголем број квалификувани работници кои не се земји членки на ЕУ, дојдоа од Босна Индија, САД, Србија, и Кина.

Но сепак тоа како да не е доволно, па Германската влада се одлучи на воведување на стратегии кои има цел за пораст на бројот на стручњаците. Стратегијата се состои од три столбови.

Првиот е подобрување на условите на тржиштето на работа уз подобрување на додатен стручен квалитет на условите за работа, како и можностите на подобро прилагодување на семејствата.

Во вториот столб спаѓа учењето на Германски јазик во училиштата, брзо признавање на факултетските дипломи и стручните обуки од ЕУ.

Цел на третиот столб е зголемувањето на бројот на стручњаците од земјите кои не се членки на ЕУ, уз усвојување на новиот закон за привлекување на стручњаци, ефективни процеси за признавање на странски факултети, стручни обуки, како и побрз транспарентен процес за донесување на одлуки и издавање на визи и развивање на рекламни компании кое ги промовираат германските привреди.

Според одговорот на германската Сојузната влада на барање на партијата Левица во Бундестагот, луѓето од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија мораат да чекаат во просек повеќе од една година за да се пријават за работна виза според „правилата за земјите од Западен Балкан“.

КОЈА Е ЦЕЛТА НА ЗАКОНОТ И ЗОШТО Е ЗАКОНОТ ТОЛКУ ВАЖЕН?

Целта на законот за квалификувани работници е овозможување за полесно доаѓање на работна снага од земјите кои не се членови на ЕУ.
Законот Fachkräftezuwanderungsgesetz е премногу важен затоа што ќе биде првиот закон во Германија за стручни доселеници.

Сепак во конзервативната владеечка партија (CSU/CDU), кои пред 15 години стопира сличен закон за емиграцијата, последните години се развива и мислење дека доселениците се добредојдени и за почеток стручњаците можат да помогнат на Германската економија.

Со овој закон по прв пат ќе биде дефиниран зборот стручњак односно Fachkraft.  Тоа се лица кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ (Drittstaaten) со завршен факултет(Akademiker) како и лица со завршена стручна обука(Berufsausbildung) чии се дипломи признати во Германија.

Кај академците не се менува ништо бидејќи за нив постојат правила и можност за добивање на плава карта.

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ПЛАВАТА КАРТА?

На терминот во амбасада се чека околу 6 недели, додека за одлука за одобрување на виза се чека 7 или 9 недели.

Амбасадата го проверува Вашето барање и одлучува во однос на него. Притоа се проверува дали Вашето барање одговара на правните предуслови. Таа проверка, зависно од намената на Вашето патување односно престојот, може да трае и до три месеци. Веднаш кога ќе се одлучи по Вашето барање, Амбасадата ќе стапи во контакт со Вас. Ве молиме за разбирање што прашања за статусот на Вашето барање за време на обработката нема да бидат одговорени. Исто така важи: одговори ќе добие само подносителот лично, неговиот законски застапник или од него писмено овластеното лице.

Времето на постојано вадење визи е зад нас и во најголем дел од земјите од Европа сега македонските граѓани можат да патуваат слободно. Се разбира постојат земји во кои домаќините бараат да поседуваме соодветна виза, која често чини и доста пари, но и време, а понекогаш и нерви. Во моментов македонскиот пасош ни овозможува да патуваме во 125 земји без виза.

 КОЈ СЕ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ВО ГЕРМАНИЈА?

Во принцип секој што е квалификуван и има работен договор, може да добие работна дозвола за Германија.

Предност за работна виза во Германија е тоа што може и во Германија да се извади работна дозвола, односно не мора се оди преку амбасада во татковината.

За лица кои доаѓаат од просторот на бивша Југославија можно е на основа на Шенгенскиот споразум да се дојде во Германија и да се бара работа.

Но сепак при наоѓањето на работа, потребно е лицето да се врати во својата земја и да се поднесе барање во амбасадата за работна дозвола, па после одобрувањето на визата од амбасада може истата во Германија да се замени за работна дозвола.

Тие лица кои сакаат да работат со стручна обука (Berufsausbildung), во Германија, мораат да докажат дека имаат завршено германско училиште во странство, или дека поседуваат диплома за завршен факултет.

Уз тоа кандидатите не смеат да бидат постари од 25 години, мораат да докажат дека имаат доволно финансиски средства да се издржуваат сами во текот на престојувањето во Германија како и минимум добро познавање на јазикот.

Кој ќе ги исполни овие критериуми, може да добие виза за барање на места за стучна обука (Visum zur Suche nach einem Ausbildungsplatz [Vizum cur zuhe nah ajnem aus-bildungs-plac]) во траење од 6 месеци.

Лицата кои немаат признаено факултетска диплома или стручна обука, не можат да добијат работна виза, освен ако не се ИТ работници и имаат минимум 5 години работно искуство во ИТ областа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести