Според СЗО, од почетокот на пандемијата има пет милиони потврдени случаи и повеќе од 228 000 смртни случаи низ цела Европа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2020 12:10

СЗО АЛАРМИРА: Бројот на заразени во Европа над пикот од март!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Светската здравствена организација соопшти дека ситуацијата со коронавирусот го надмина бројот на заразени од пикот во март, а Ханс Клуге регионалниот директор на СЗО, нагласи дека само минатата недела се регистрирани над 300.000 нови инфекции на стариот континент.

– Пред нас е многу сериозна ситуација, рече тој.

Според последните извештаи, некои европски земји, како Обединетото Кралство и Франција, со месеци бележат највисоко ниво на број на дневни инфекции а капацитетот за тестирање е зголемен низ цела Европа од почетокот на пандемијата.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата има пет милиони потврдени случаи и повеќе од 228 000 смртни случаи низ цела Европа.

Тој исто така истакна дека во моментот има зголемување на хоспитализирани и смртни случаи  а исто така напоменува на „алармантни стапки на брзо ширење на вирусот низ целиот регион.

Додека помладите луѓе – кои имаат помала веројатност да бидат сериозно погодени доколку се заразат – во моментов претставуваат најголем дел од новопријавените случаи со коронавирус, постои загриженост за многу повеќе случаи на компликации кај таа возрасна група доколку вирусот се шири паралелно и во поранливи групи.

Клуге предупреди дека мерките за блокирање воведени пролетта и рано лето дадоа јасни резултати.

– Случаите достигнаа рекордно ниско ниво во јуни, рече тој. – Сепак, бројот на новозаразени во септември треба да биде повик за будење за сите нас.

Тој истакна дека знаењето за најдобрите начини за контрола на вирусот е подобрено од почетокот на пандемијата во Европа.

Претходно оваа недела, Клуге предупреди дека Европа мора да се подготви за зголемен број смртни случаи од новиот коронавирус во октомври и ноември.

– Ќе биде многу, многу потешко.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.