Според него земјите кои сериозно се однесуваат кон отворањето на економијата и општеството мора да имаат сериозен однос кон спречување на ширење на коронавирусот и оцени дека тоа не е „невозможна рамнотежа“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 септември, 2020 9:29

СЗО: Брзото укинување на вонредните мерки е рецепт за катастрофа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Прераното укинување на мерките за заштита може да доведе до катастрофа, предупреди првиот човек на СЗО, Генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус. 

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

Според него земјите кои сериозно се однесуваат кон отворањето на економијата и општеството мора да имаат сериозен однос кон спречување на ширење на коронавирусот и оцени дека тоа не е „невозможна рамнотежа“.

Најважни превентивни мерки за секоја земја и поединец се: спречување на ризични настани, заштита на ранливи социјални групи, лична одговорност и самозаштита, наоѓање, изолирање, тестирање и лекување на сите болни со проверка на контактите што претходно ги оствариле, посочи Гебрејесус.

Инаку пред неколку дена СЗО излезе со статистика каде беше посочено дека коронавирусот се повеќе го шират лица на возраст од 20, 30 и 40 години, а многу од нив не се ни свесни дека се заразени, однсоно се асимптоматски пациенти.

Во овие групи спаѓаат постарите лица, хронично болните на кои им е потребна долготрајна нега и луѓето кои живеат во густо населени подрачја со лоши услови за живот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.