Тој повтори дека доказите дадени од здравствената агенција на ООН и советите што ги добиле укажуваат на природното потекло на вирусот корона.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 мај, 2020 10:26

СЗО ЈА СПУШТИ АМЕРИКА НА ЗЕМЈА: Не сме добиле никакви докази дека коронавирусот потекнува од лаборатрија!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Светската здравствена организација не добила никакви докази или информации од владата на САД како доказ за тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео дека вирусот корона е создаден во лабораторија во кинескиот град Вухан, соопшти директорот на итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

„Од наша перспектива, ова сè уште е шпекулација“, им рече Рајан на новинарите во Женева.

Тој повтори дека доказите дадени од здравствената агенција на ООН и советите што ги добиле укажуваат на природното потекло на вирусот корона.

Помпео и Трамп тврдат дека виделе докази дека вирусот корона потекнува во лабораторијата на Институтот за вирологија во Вухан.

„Ако овие информации и докази се достапни, тогаш зависи од американската влада да одлучи дали и кога ќе ги сподели, но тешко е за СЗО да постапи во вакуум на информации за ова конкретно прашање“, рече Рајан.

Тој додаде дека СЗО, како и секоја друга организација базирана на докази, бара да добие какви било информации што укажуваат на потеклото на вирусот, пренесува АП.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.