Бурата зафати делови од Словенија и Италија

Објавил: admin@magazin | 6 јули, 2018 8:50

Силно невреме ги погоди Хрватска, Словенија и Италија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Невреме погоди делови на Хрватска, Словенија и Италија во доцните попладневни часови.

Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападна Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб.

Бурата зафати делови од Словенија, по должината на границата со Хрватска, како и делови на Корушка.

Во некои области падна и град, а пожарникарите, поради поплавени 20- тина објекти имаат полни раце работа, јавуваат хрватските медиуми.

Големите проблеми по силната бура има и во североисточниот дел на Италија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.