петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Чувајте си го вие Преспански, ние ќе си го чуваме името. Вака професорката Давкова, се обрати до владеачката партија и потсети на годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2019 14:59

Силјановска: Вие чувајте си го Преспански, ние ќе си го чуваме името!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат за претседател поддржана од ВМРО, на својот профил на Твитер, по повод една година од Преспанскиот договор, напиша статус со хаштагот #Никогаш Северна.

Чувајте си го вие Преспански, ние ќе си го чуваме името. Вака професорката Давкова, се обрати до владеачката партија и потсети на годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

– Една година потоа. Чувајте си го вие Преспански, ние ќе си го чуваме името. Никогаш Северна, само Македонија, напиша Давкова на својот Твитер налог.

Инаку професорката Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се одржала во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.