Таа испрати силни критики до власта поради денешните пропусти околу приемот на грчкиот премиерт Алексис Ципрас.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 април, 2019 21:42

Силјановска Давкова од Струга: Денеска се разочарав, по 75 години од АСНОМ не ја чувме химната

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денес пред стружани проф. Гордана Силјановска Давкова имаше свое обраќање, како претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

-Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите што сте овде Ви се обраќам вам, Ви се обраќам, Ви се обраќам во името на Македонија. Ги слушам зурлите и тапаните и по некој кавал и си велам тоа ни била судбината, да живееме со тешкото на Конески. Цел живот треба да докажуваме кој сме и зошто сме. Денеска страшно се разочарав, замислите 75 години по АСНОМ денеска не ја чувме химната. Зошто? Имало проблеми со авионот, задоцнил. Да потсетам сета македонска приказна е во химната, во борбата за правдините, ама денеска премиерот всушност го прекрши законот за грбот, знамето и химната. Закон што се носи со двотретинско мнозинство, закон во кој што се вели дека било каква официјална средба уште на аеродромот и пред Владата и пред било кој орган мора да се емитуваат, да се чујат химните на двете држави. Не ми се верува. Кога пред неколку месеци се коваше, кога се носеше Преспанскиот договор реков дека следното што ќе биде на удар ќе биде химната, а ве потсетувам на химна се плаче, пред химна се стои простум, со химна се победува, со химна се радува. Не, ние ја немавме денеска  таа можност барем преку химната да покажеме дека сме нормална, рамноправна држава, оти држава без химна нема важен симбол. Химната е Македонија, Македонија е химната! Но, не за нив. Но, да за нас!

Денеска страшно се разочарав, замислите 75 години по АСНОМ денеска не ја чувме химната, рече Силјановска на митингот.

Таа испрати силни критики до власта поради денешните пропусти околу приемот на грчкиот премиерт Алексис Ципрас.

-Не ни преостанува ништо друго, освен да продолжиме да се бориме за своите правдини. Шокантно е што правото на самоопределувањето е основот на создавањето на ОН. Нации, а меѓу нив е и македонската нација, а правото на самоопределување значи  не само право на индивидуална, туку и право на колективна самоопределба. Нема право на самоопределување без право на свое име, знаме, химна, себеидентификација, самоидентификација, само оние кои веруваат дека нешто без корен како Северна Македонија може да опстои не водат сметка во химната. Но ние водиме и ќе продолжиме да ја пееме ќе продолжиме да победуваме, а победа без химна не бива. Со правото на самоопределување влеговме како рамноправна членка на Југословенската федерација, на него и на правото на отцепување се повикавме кога си заминавме и одеднаш на 8-ми септември го потврдивме правото на самоопределување, зошто на тој референдум се играше  се пееше, а на оној друг пропаднат референдум тие два дена беа како мртви а потоа глумеа дека референдумот е успешен. Но, не. Од нас од граѓаните извира нивниот суверенитет, не од нив. Значи се што е засновано на неуспешниот референдум е правно спорно. Јас не сум тип од нивниот кој вели и мисли дека кажувам, негирам, заборавам. Не нам не ни личи тоа. Ние велиме кажуваме, помниме, спроведуваме, така ќе биде и овој пат.

Силјановска Давкова вети дека доколку стане претседател ќе побара силна меѓународна помош од реномирани професори околу договорот од Преспа.

-Не јас не ветувам, не велам дека доколку ме изберете веднаш ќе поништам се. Не, тоа не може ни кралица, ни крал. Но, што ќе ветам, дека оние што се одважија по светот а тоа се врвни професори по меѓународно јавно и уставно право, ќе ги повикам за совет. Впрочем ние и ги имаме нивните совети. Вие многу од нивните мислења прочитавте, оти ним им е поважно знаењето, правото и правдата од политиканството. Ќе направиме стратегија, ама за да ја спроведеме стратегијата, прво треба да победиме на претседателските избори, тоа ќе значи почеток на крајот, делигитимирање на нивните политики. Тоа ќе значи вовед во парламентарни избори, а на парламентарните избори сите знаеме кој ќе победи. Тоа ќе биде новата коалиција. Коалицијата за Подобра Македонија, но и другите партии кои што ќе им се придружат. Во таквата коалиција ќе има хармонија, соработка, државнички односи меѓу премиерот, претседателот и собранието. Тие луѓе знаат што да направата. Ако ВМРО-ДПМНЕ отвори широка за мене, тоа беше голем доказ за цврста решеност за промени, за реформи, за нова страница на Македонија, за Европска Македонија. Не е нивната Северна Македонија европска, туку онаа Македонија која што ќе се темели на право и на правда ќе биде европска Македонија. Велат сме биле националисти, регресивни, сме оделе наспроти времето, не влечело сидрото на историјата, ама знаете како  дури и еден поет вели дека без историјата си само сенка, а во иднината ниту сенка. Не, тие се сенките, а ние сме оние кои веруваме во вистинските промени. Ние сме синоним за право, правда и етика, а тие се они кои што мислат дека правото и правдата се европска реторика. Но, наскоро ќе видете дека не е доволно да потпишете договор. Не, дури и кога е по мерка на оној другиот. Не, оние од Европа ќе побараат и ќе проверат има ли во оваа земја владеење на правото, има ли во оваа земја просперитетна економија, има ли во оваа земја борба со корупцијата и криминалот, има ли во оваа земја нулта толеранција за непотизмот. Не, ништо од тоа нема.

Исто така таа истакна дека промената на името е голем пораз за нашата држава.

-Тие го потрошија времето само на една најтешка во нашиот живот промена. Промената на името, но тоа не е успех, тоа е пораз. Но, тие немаат право да потпишат пораз во наше име. Велат не сме биле европјани. Јас сум еден од основачите на европското движење во Македонија, заедно со луѓето од другите републики. Се собравме верувајќи и посакувајќи да избегнеме војна, за жал војната беше побрза од нас. Зошто? Можеби ќе одговориме еден ден, можеби молчевме, можеби затоа сега е време да не молчиме, ама молчењето умните, образованите и чесните луѓе понекогаш го претвораат во победа. Молчевме за време на референдумот зошто тоа бесрамно прашање како што рече мојот чуен професор и колега по уставно право Карло Флорес Хуберијас најбесрамното прашање во историјата на референдумите не заслужуваше одговор. Но, претседателските избори и следните предвремени парламентарни избори заслужуваат одговор, вашиот одговор, одговорот на победата. Да не должам, секој претседател дава некој свој печат на мандатот и јас го почитувам печатот на претходните. Но, иако во женски род Македонија до сега немала жена за претседател. Самото тоа е промена, но се разбира не мислам јас дека родовата припадност е доволна причина да се стане претседател. Цврсто верувам дека знаењето, умеењето, посветеноста, чувството за право, за конституционализам ќе ме водат на правиот пат на европскиот пат. Не се патува ко Европа. Европа се гради и се препознава овде, а ние тоа ќе го сториме со реформи. Да не должам многу, цврсто се залагам за директен избор на шефот на државата. Голем противник сум на претседателот во собранието. Мислам дека пречуствувате дека некоја таква игра се спрема. Нам ни велат дека ќе ги бојкотираме во вториот круг изборите. Нема зошто да ги бојкотираме ако сме убедени дека ќе ги победиме. Не, не ни одговора тој резултат, зошто тогаш во собранието ќе си го договорат идниот претседател на државата, ама народот умее подобра проценка да направи, помудар избор да направи. Мислам дека нема полошо решение за Македонија од избор на претседател во Собранието, тогаш сите власти ќе бидат на едно место. Тогаш нема да има ниту посебна законодавна, ниту посебна извршна власт, а да не говорам за независната судска власт која е далеку од независна. Дури и омбудсман неодамна рече дека правдата на нашите судови е селективна, дека е загрозена со реваншизам, затоа ја сум против избор на претседател во собранието зошто тоа ќе значи политички пазар, купопродажба, а тие се највештите Венецијански трговци во собранието за продажби. Тоа веќе го видовме.

Силјановска Давкова се заложи и вети дека ќе биде одговорен претседател, како и дека економска дипломатија.

-Еден претседател одговорен ќе води економска дипломатија, културна дипломатија, научна, спортска дипломатија, нема да се занесува со туризам по светот. Пред да замине ќе се консултирам со најдобрите стопанственици, пред да замине ќе ги проучи условите во земјите во кои што оди, ќе ги одбери оние со кои што можеме да имаме извонредна размена, меѓутоа ако бидам јас претседателка ќе одберам луѓе кои во вистинска светлина ќе ја претставуваат а нема да ја срамат Македонија по Светот. Ќе именувам најдобри правници во Уставниот суд, ќе именувам најстручни луѓе во Советот за безбедност, ќе мислам на најкавалификуван гувернер, ќе доделувам одликувања само на најумните, вето ќе ставам секогаш кога Уставот ќе биде прекршен, а ваши мисли, Вас секогаш ќе ве имам на ум кога ќе се обраќам во собранието. Не, еднаш во годината, туку многу пати. Ќе бидам претседател на сите граѓани на Македонија.

Извор :Курир

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести