Има држави како Турција или руската федерација, Азербејџан каде што и воени лица можат да бидат на чело на министерството за одбрана.

Објавил: admin@magazin | 28 декември, 2019 23:17

СИЛЈАНОВСКА: Со органот за внатрешни работи може да раководи само цивилно лице

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова во изјава за ТВ Сител, вели дека нашиот Устав е напишан во духот на т.н. цивилна контрола на безбедносните служби и според него со органот за внатрешни работи може да раководи само цивилно лице.

Во изјава за ТВ Сител, професорката Гордана Силјановска потенцира дека воено лице не може да раководи со МВР, но предлогот на Мицкоски не е преседан.

Таа вели дека има држави како Турција или руската федерација, Азербејџан каде што и воени лица можат да бидат на чело на министерството за одбрана. 

Нашиот Устав е напишан во духот на т.н. цивилна контрола на безбедносните служби и според него со органот за внатрешни работи, односно со Министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана, може да раководи само цивилно лице, а доколку се работи за субјект кој претходно имал функција во полицијата или во одбраната потребно е да поминат најмалку три години за да може тој да биде министер за внатрешни работи или министер за народна одбрана.

Значи така вели членот 97.

Но она што јас сакам да го потенцирам е дека ова не е преседан, туку е еден во серијата на преседаните, еве помнам дека некогаш беше министер за внатрешни работи господинот Силјан Аврамовски на него не е примени членот 97, истото важи и за министерот Митко Чавков, а во моментов истото важи и за заменик министерот за одбрана господинот Беким Максути.

Во 2017 можеше познавачите на Уставното право ревносно да реагираат укажувајќи дека треба да се почитува членот 97, изјави Слијановска Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика